ВЛТ НАВИВА: Вардар го доби вечното дерби со Пелистер!

Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните, кои вчера славеа со убедливи 31:23 и ја продолжија победничката серија во домашното првенство.

Вардар е победник во првото сезонско вечно ракометно дерби! Пред исполнетите трибини во СЦ „Јане Сандански”, црвено-црните го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер со убедливи 31:23, во натпреварот од деветтото коло на македонската Суперлига.
 
Во атмосфера достојна за најголемото македонско ракометно ривалство, Вардар покажа карактер, тимска сила и победнички менталитет. Иако првото полувреме донесе неизвесна борба и предност од 15:12 за домаќините, во продолжението избраниците на Иван Чупиќ ја презедоа целосната контрола врз играта.
 
Клучниот момент дојде во второто полувреме, кога со цврста одбрана, сигурни интервенции на голманите и ефикасен напад, Вардар ја зголемуваше предноста и не му остави простор на противникот за пресврт.
 
Леон Љевар со седум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав, додека Жоао Педро да Силва постигна шест гола. Со овој триумф Вардар ја забележа деветтата победа во девет натпревари и останува единствената екипа со максимален учинок во домашното првенство.