Дончиќ го растури Торонто и испиша историја во НБА-лигата (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одличен настап во победата против Торонто репторс (131-125). Тој постигна 45 поени, 15 скокови, шест асистенции и пет украдени топки и испиша историја во НБА-лигата.

Дончиќ погоди и осум тројки, а со тоа стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој во еден натпревар запишал најмалку 15 скокови, пет асистенции, пет украдени топки и пет погодени тројки.

Лејкерс во еден момент имаше водство од 26 поени, но Торонто успеа да ја врати неизвесноста во завршницата, но не и да направи пресврт. Најефикасен кошаркар во поразениот тим беше Скоти Барнс со 29 поени.

Словенецот во последните четири дуели постигна вкупно 175 поени, откако постигнуваше по 52, 41, 37 и 45 поени по ред во најсилната лига во светот.

Останати резултати:
Орландо - Бостон 97-108
Индијана - Бруклин 90-98
Голден Стејт - Лос Анџелес Клиперс 124-112

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers