Белгиското обвинителство бара две години затвор за Наинголан!
Обвинителството тврди дека Наинголан е вмешан во перење на пари со потекло од нелегални активности, како што е продавање на кокаин.
Истрагата за меѓународната криминална група беше почната во март 2023 година, додека полициската акција е спроведена во јануари 2025 година кога беа уапсени повеќе лица, меѓу кои и фудбалерот.
Фудбалерот за време на сослушувањето тврдеше дека парите ги позајмил поради финансиски проблеми создадени по развод и блокада на сметки во Италија.