Вардар и Комити подготвуваат спектакл за ракометното дерби: Заедничка кореографија низ целата сала! (ФОТО)
Вардар ги замоли навивачите в недела да пристигнат на своите места во салата најдоцна 15 минути пред почетокот на натпреварот.
„Заедно со нашата верна н.г. „Комити Запад” одлучивме македонското ракометно дерби во недела да го збогатиме со кореографија низ целата сала, која во знак на поддршка на тимот на терен, заеднички ќе ја создадат сите навивачи на Вардар во салата!
За таа цел ги замолуваме сите илјадници наши навивачи кои во недела ќе го бодрат Вардар од трибините, да бидат на своите места најдоцна 15 минути пред почеток на натпреварот. Покрај тоа, најљубезно ве замолуваме поставените работи на вашите столчиња, кои се дел од кореографијата да не ги преместувате или кревате предвреме, без да добиете знак од лицата задолжени за координација.
Да уживаме во ракометната игра во недела и во пеколниот амбиент кој заеднички ќе го создадеме, за нова важна победа на Вардар“, соопшти Вардар.