ПСЖ го доби дербито со Лион за петти триумф по ред во Лига 1 (ВИДЕО)

Францускиот и европски шампион ПСЖ славеше во дербито против Лион со 2-0 во рамки на осмото коло од Лига 1.

Двете екипи понудија голема борба на теренот, но мрежите во првото полувреме мируваа на двете страни.

Парижаните конечно го отворија резултатот во 72. минута со погодокот на Сени Мајулу, додека Мика Годтс ги постави конечните 2-0 во 84. минута.

ПСЖ е лидер во Лига 1 со 17 бодови, додека Лион е на петтата позиција со 14 поени.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain