Јамал е избран за најдобар млад фудбалер на годината!

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер на годината, откако беше избран за победник во конкуренција на петмина талентирани играчи.

Покрај ѕвездата на Барселона, во потесниот избор се најдоа и неговиот соиграч Пау Кубарси, Ворен Заир-Емери, Ленарт Карл и Јан Диоманде.

Наградата му ја додели поранешниот освојувач Андриј Шевченко на церемонијата во Лондон.

Во женска конкуренција наградата ѝ припадна на Вики Лопез од Барселона.

Фото: Facebook/FC Barcelona