Жесус попуштил: Роналдо се враќа во репрезентацијата! (ФОТО)

Португалските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо повторно ќе го облече дресот на репрезентацијата во ноември, откако неговото име се наоѓа на прелиминарниот список со фудбалери за дуелите против Данска и Велс.

Роналдо беше во центар на внимание откако го напушти репрезентативниот камп, по што доби казна од Фудбалскиот сојуз на Португалија од 255 евра и 30 дена суспензија.

Сепак, португалски „Рекорд“ објави дека ѕвездата на тимот повторно ќе биде дел од националниот тим на следните репрезентативни предизвици.

Фото: Facebook/Seleções de Portugal