Хит сцена: Мурињо по голот на Мбапе не го тргаше погледот од клупата на Барса (ВИДЕО)

Жозе Мурињо вчера вечер ја прослави првата победа на Реал Мадрид на „Камп Ноу“ во последните три години. „По Ел Класико“, на социјалните мрежи се појави уште една снимка од неговата реакција.

На снимката, која се споделува како реакција на победничкиот гол на Мбапе, португалскиот тренер стои пред клупата на Барселона и неколку секунди гледа кон домашните фудбалери и стручниот штаб.

Реал ќе потсетиме, славеше со 2-1. Килијан Мбапе му донесе водство на својот тим во 41. минута, а Рафиња израмни во 61. минута. Одлуката падна во 87. минута, кога Мбапе ја затресе мрежата по акцијата на Џуд Белингам и повратната топка од Едуардо Камавинга.