Серија А го суспендираше Алегри, ќе го пропушти дербито со Јувентус

Предводникот на Наполи, Масмилијано Алегри е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон кој го доби во дербито со Рома.

Дербито за викендот во Италија заврши без победник 3-3, а Алегри во финишоит ги загуби нервите кога Рома постигна гол за израмнување.

Поради однесувањето, судијата веднаш му покажа директен црвен картон и го испрати на трибините. Суспензијата која е потврдена значи и дека тој ќе нема да има можност да го води Наполи во пресметката против својот поранешен клуб Јувентус која на програмата е во викендот кој следи.

Покрај дуелот со Јувентус кој се игра в недела, Алегри нема да биде на клупата и в среда кога неговиот тим ќе игра против Монца.