Ѕвездите на Реал Мадрид на луда забава со инфлуенсерки - навивачите се бесни (ВИДЕО)
Во јавноста се појавија снимки од настанот, кој се одржал на 15 октомври во Мадрид, а првичните детали ги објави бразилскиот портал „ЛеоДиас“, базирајќи се на објави од девојките кои биле присутни на собирот. Според информациите кои подоцна беа пренесени од бразилските и европските медиуми, на забавата во домот на бразилскиот фудбалер присуствувале и неговите соиграчи Џуд Белингем и Едуардо Камавинга, како и Дин Хујсен.
Ова собирање експресно стана една од главните теми на разговор меѓу навивачите на мадридскиот гигант, при што најголемо внимание предизвика токму Англичанецот Белингем. Медиумските извештаи наведуваат дека тој ја напуштил забавата пред останатите, но паралелно се појавија и тврдења дека ѝ бил неверен на својата партнерка Ешлин Кастро. Интересот за овој наводен скандал дополнително се зголеми откако една од присутните девојки на своите објави ги означи профилите на Винисиус и Белингем, додека на интернет почнаа да кружат снимки од девојки пред куќата и покрај автомобилите кои се поврзуваат со бразилската ѕвезда.
Целиот настан се случува во исклучително незгоден момент, само неколку дена по официјалното објавување на прекинот на врската меѓу Винисиус и бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека. Бразилските медиуми пренесуваат дека напаѓачот и по раскинувањето бил забележан во чести излегувања со соиграчи и инфлуенсерки. Очекувањата се дека клубот и самите играчи ќе мора да реагираат, со оглед на фактот дека ваквите случувања сериозно му штетат на имиџот на ѕвездите на Реал Мадрид, чие однесување надвор од теренот се следи под лупа.
Сепак, јавноста е повикана на претпазливост бидејќи објавените снимки не прикажуваат што точно се случувало внатре на самата забава, па останува да се види дали целиот случај ќе добие официјална разврска или ќе остане само на ниво на медиумски шпекулации.