Бизарно: Натпревар меѓу Хрватска и Словенија прекинат поради напад од – стршени!
Главниот судија на средбата ги испрати рагбистите во соблекувалните поради безбедносни причини. Организаторите веднаш интервенираа во обид да ги отстранат инсектите од игралиштето, што резултираше со пауза која траеше околу 25 минути подолго од предвиденото пред да се создадат услови за продолжување на играта.
„Неверојатно, ги имаше многу на теренот! А колку само натпревари се одиграни на тој терен“, изјави генералниот секретар на Хрватскиот рагби сојуз, Веќеслав Хољевац.
Со овој триумф, Хрватска ја заврши групната фаза со максимални три победи и 14 освоени бода. И покрај перфектниот скор, првото место не ѝ гарантира автоматски пласман во повисокиот ранг на европското рагби, односно во Трофеј дивизијата. За пласман во баражот за влез во повисокиот ранг ќе се борат најуспешните победници од четирите групи во Конференциската дивизија, а конечниот расплет ќе биде познат напролет.
На табелата во групата, Хрватска е сигурен лидер со 14 бода од три натпревари. Зад неа следува Австрија со шест бода од два одиграни меча, додека Србија (со еден одигран натпревар) и Словенија (со два натпревари) сè уште се без освоени бодови.