Генијална асистенција во Бундеслигата, Ајнтрахт слави втор триумф (ВИДЕО)

Eкипата на Ајнтрахт стигна до вториот триумф сезонава откако го победи Келн на свој терен со 1-0 во шестото коло од германската Бундеслигата.

Моментот на одлука се случи во 77-та минута кога Ебунталиб го постигна единствениот гол по одлична асистенција од десната страна и асистенцијата од Асеко-Енкили кој сигурно е една од најдобрите во досегашниот дел од сезоната.

По овој триумф Ајнтрахт дојде до осум бода и се искачи на осмото на табелата, Келн е 11-ти со седум.