Звезда не дозволи пресврт среде Белград - го доби Париз и влезе во серија! (ВИДЕО)
Звезда одигра одличен натпревар во кој доминираше речиси од почетокот до крајот, иако францускиот состав во завршницата се обиде да се закани и целосно да се врати во мечот.
Српскиот тим брзо некаде уште пред крајот на првата четвртина дојде до водство од 15 поени разлика, Париз сепак успеа да намали на 28-18. Вториот период донесе порамноправна игра, но Звезда така ја одржуваше двоцифрената предност на пауза замина со водство од 46-36.
Во третиот период домаќините дојдоа и до највисоката разлика на оваа средба поведувајќи со 19 поени (75-56). Тука изгледаше дека натпреварот е веќе решен. Сепак, Париз не се откажа и во втората половина од последната четвртина направи притисок и за првпат по подолго време на пет минути до крајот намали на едноцифрена негатива (81-72).
Се доближи Париз и на само пет поени, меѓутоа Звезда одигра колку што е потребно до крајот и во клучните моменти беше подобра за да ги „откаже“ Французите од голем пресврт.
Кај Звезда прво име беше Монеке со 23 поени, додека на спротивната страна се истакна Американецот Тајсон Ејен со еден повеќе.
Останати резултати:
Бешикташ – Баерн 95-87
Жалгирис – Ефес 70-85
Панатинаикос – Хапоел 81-91
Барселона – Олимоијакос 100-105 (после продолженија)
Виртус – Басконија 86-78