Ѓоковиќ по 15 години се враќа на турнирот на кој Федерер е рекордер

Новак Ѓоковиќ ќе учествува на АТП-турнирот од серијата 500 во Базе кој ќе се игра од 24 октомври до 1 ноември, потврдија организаторите.

Швајцарскиот весник „Блик“ објави дека претставниците на 39-годишниот српски тенисер потврдиле дека освојувачот на 24 гренслем титули во последен момент ја прифатил специјалната покана за настап. 

„Претставниците на Новак информираа дека тој ја прифатил понудата во последен момент и со големо задоволство“, напиша новинарот Марко Пескио.

Така, Ѓоковиќ за првпат по 15 години ќе настапи во салата „Сент Јакобс“, каде што претходно играше од 2009 до 2011 година.

Новак ја освои единствената титула на овој турнир во 2009 година, кога во финалето беше подобар од Роџер Федерер. Токму Федерер е убедливо најуспешниот тенисер во историјата на турнирот, со вкупно 10 освоени титули.

Ѓоковиќ, кој моментално е осми тенисер во светот, во Базел пристигнува по освоената титула во Пекинг и поразот во првото коло на турнирот во Шангај, каде што беше запрен од Хуберт Хуркач. Меѓу неговите најголеми конкуренти ќе бидат Бен Шелтон, Феликс Оже-Алијасим, Тејлор Фриц и минатогодишниот шампион Жоао Фонсека.