Работнички жестоко казнет поради плукање судија - се играло и без македонско знаме!

Екипата на Работнички скапо ќе ја чини победата над Тиквеш (86-70) во првиот меч на домашен терен од Суперлигата, откако доби жестока казна поради инцидент каков што многу пати сме гледале низ децениите на средбите во „Градски парк“.

Центарци ќе мора да платат 30.000 денари поради плукање од трибините кон еден од тројцата судии, поради што средбата била прекината уште во втората минута. Дополнителен проблем е што, изненадувачки, во салата за време на средбата немало истакнало македонско знаме ниту, пак, имало лични грешки потребни за покажување на записничката маса. За овие пропусти, 15-кртниот шампион не доби парична санкција туку е само опоменат.

„Убава“ казна доби и тимот на Куманово, поради тоа што навивачите на овој тим скандирале против Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), за што ќе треба да плати 15.000 денари. Санкција од 10.000 денари доби и гостинот на оваа средба, тимот на Штип, чии навивачи скандирале неспортски кон актерите на паркетот.