Распад-систем на „Олд Трафорд“: Нови тензии во соблекувалната на Јунајтед!

Манчестер јунајтед се соочува со сериозни проблеми на почетокот на новата сезона, а информациите од англискиот гигант укажуваат на нарушени односи меѓу фудбалерите во соблекувалната на клубот.

Повод за новите шпекулации е слабата форма на екипата и притисокот кој се зголемува врз тренерот Мајкл Керик. Според информациите, тренерот ја губи контролата врз соблекувалната, а односите меѓу играчите се на незавидно ниво.

„Неколку играчи на Манчестер Јунајтед воопшто не разговараат меѓу себе“, вели извор од гигантот.

Во изминатиот период се појавија и шпекулации дека Керик наскоро ќе добие отказ доколку не ја врати екипата на победнички патеки.

Фото: Facebook/Manchester United