Српски тенисер наместил пет меча на кои играл - доби брутална казна!

Српскиот тенисер Стефан Миличевиќ доби суспензија од 24 години поради кршење на правилата во тенисот, односно Меѓународната агенција за интегритет на тенисот го обвини за местење на натпревари и обиди за манипулација со резултатите.

Оваа брутална казна му ја заврши кариерата на 29-годишниот тенисер, кој ќе мора да плати и 70.000 долари.

Според информациите, српскиот тенисер во период од 2022 до 2024 година учествувал во местење на најмалку шест натпревари, од кои на пет од нив играл. Исто така, обвинет е дека се обидел да намести уште шест меча.

Истрагата покажа дека Миличевиќ во истиот период се обидувал да вклучи и други професионални тенисери во криминалната мрежа.