Лаутаро се повреди во лудиот меч против Бриж - нема да игра против Милан!
Враќањето на аргентинскиот напаѓач на терените се очекува дури по завршувањето на ноемвриската пауза предвидена за репрезентативните обврски. Повредата на капитенот на „нероаѕурите“ доаѓа во исклучително лош момент, со оглед на неговата одлична голгетерска форма од почетокот на сезоната. На последниот натпревар од ЛШ против Бриж, тој двапати ја затресе противничката мрежа, но неговиот индивидуален учинок не беше доволен за позитивен резултат бидејќи Интер (3-4) загуби на домашен терен.
Мартинез се очекува да пропушти дури седум натпревари во сите натпреварувања. Најголем хендикеп за тимот ќе биде неговото отсуство на големото градско дерби против Милан, кое е закажано за 31 октомври. Покрај оваа пресметка, Аргентинецот нема да му биде на располагање на стручниот штаб ниту за дуелите против Болоња, Шахтјор, Фиорентина, Венеција, Феенорд и Комо.
Мартинез досега има шест постигнати гола и една асистенција на само седум одиграни настапи, па неговото отсуство несомнено ќе претставува сериозен предизвик и голем проблем за офанзивната линија на италијанскиот гигант.