Реал Мадрид се врати од бездна во Рим, ПСЖ го уништи Манчестер сити (ВИДЕО)
Првиот гол во Рим падна во 20. минута кога Де Рон ја затресе мрежата на „кралевите“ за 1-0, но набрзо Мбапе ја анулира негативата и израмни на 1-1.
Вистински шок за шпанскиот тим следеше на стартот на вториот дел, кога Мален со два погодоци донесе предност од 3-1 на Рома.
Реал долго време се мачеше да се извлече од бездната, а тоа им успеа дури во завршницата, кога од 83. минута до крајот постигна три голови, и тоа преку Еспи, Ендрик и Рудигер.
ПСЖ немаше милост за „граѓаните“ на „Итихад“ и го расипа враќањето на Пеп Гвардиола на стадионот, откако за малку повеќе од половина час постигна три голови преку Дуе, Дембеле и Витиња.
Халанд на почетокот на второто полувреме намали на 1-3 и ја врати надежта на домаќините, но набрзо Аклиуш стрелаше за 4-1 за парижаните.
Норвешкиот голгетер повторно ја затресе мрежата на гостите во 75. минута за 2-4, по што ПСЖ имаше пенал за 5-2, меѓутоа не го реализира Феран Торес.
Останати резултати:
Астон вила – Фенербахче 6-0
Бетис – Порто 3-2
Бодо/Глимт – Борусија Дортмунд 1-0
Шахтер – АЕК 3-1
Слован Братислава – Штутгарт 0-3
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.