Обрадовиќ потврди дека одбил подарок: Не мора Партизан да ми даде ништо повеќе! (ВИДЕО)
Новинарите на прес-конференцијата му поставија прашање на Обрадовиќ кој потврди дека му било кажано дека нешто се подготвува, но тој тоа го одбил објаснувајќи дека нема потреба да добива ништо повеќе од Партизан.
„Не знам кои медиуми што пишуваат. Имав разговор, луѓето ме известија дека нешто се подготвува, а јас реков дека нема потреба. Партизан ми даде сè, не мора Партизан да ми даде ништо повеќе. Ако некој мисли поинаку, тоа е исто така негово право. Се чувствувам како дел од ова и секогаш ќе биде така.“
Дел од медиумите во Србија шпекулираат и дека ваквиот потег на Обрадовиќ е поради начинот на кој се раздели со клубот.