Обрадовиќ одби да прими подарок од Партизан!
Клубот од Белград сакаше да му оддаде почит на легендарниот тренер, кој ги предводеше претходно, а станува збор за врамена слика со натпис „Засекогаш“.
Партизан со овој гест сакаше да ја истакне врската меѓу клубот и тренерот, меѓутоа Обрадовиќ решил да не го прифати подарокот.
Засега нема објаснување зошто искусниот стратег донел таква одлука, но многумина сметаат дека причина за тоа е разделбата со клубот минатата година.