Во Реал Мадрид збеснаа поради мечот против нашиот Столе – грмат за неправда!

Во таборот на Реал Мадрид владее огромно незадоволство поради одлуката на Ла Лига натпреварот против Валенсија и нашиот Столе Димитриевски да биде закажан на 7 ноември, односно само три дена по тешкото гостување на „кралевите“ против екипата на АЕК Атина во рамките на Лигата на шампионите.

Според „Мундо Депортиво“, раководството и фудбалерите на мадридскиот гигант воопшто не ја разбираат ваквата одлука на организаторот на шпанското првенство. Нивниот револт е дополнително зголемен поради фактот што напорното патување до Атина и назад драстично ќе го скрати неопходното време за физичко закрепнување на играчите пред важниот првенствен дуел. Реал Мадрид остро се спротивставува на идејата мечот да се игра во сабота, посочувајќи на нееднаков третман, бидејќи останатите шпански екипи кои учествуваат во истиот круг од Лигата на шампионите своите првенствени натпревари ќе ги одиграат ден подоцна, добивајќи дополнителен ден за одмор.

Од друга страна, раководството на Ла Лига цврсто стои на својот став и смета дека во целост го испочитувало регулаторното барање за минимален период од 72 часа за одмор. Според нивното официјално толкување, времето помеѓу почетокот на натпреварот со АЕК Атина и пресметката со Валенсија во сабота, ја надминува оваа задолжителна временска рамка, поради што нема основа за промена на распоредот.