Мо Салах по само седум кола веќе испиша историја во турскиот фудбал!
Египќанецот досега има учинок од седум постигнати гола и три асистенции, а последен придонес го оствари пред два дена, кога во убедливата победа на Трабзонспор над екипата на Самсун (3-0-, придодаде уште една асистенција зад своето име. Благодарение на оваа неверојатна форма, тој во моментов се наоѓа на самиот врв на листата на стрелци во првенството. Истовремено, тој води мртва трка и во конкуренцијата за најдобар асистент, каде што го дели првото место со напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимхен.
Одличните индивидуални игри на Салах директно се одразуваат и на тимскиот пласман, па така Трабзонспор се наоѓа на петтото место на табелата во турската Суперлига со 13 освоени бодови, заостанувајќи само три бода зад актуелниот лидер Галатасарај.