Поранешен тренер на Баерн ќе го гасне пожарот во Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед продолжува со лошите настапи во Премиер лигата, па поради тоа се „тресе“ тренерското столче на Мајкл Керик, а наводно веќе била донесена одлука за неговиот наследник.

Ремито против Тотнем дополнително ги разочара челниците на поранешниот англиски и европски шампион, па наводно „ѓаволите“ решиле да тргнат по потписот на поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

Керик ја презема екипата во јануари, но се наоѓа под голем притисок затоа што по само шест одиграни меча во Премиер лигата има освоено само шест поени, што е далеку од очекувањата на раководството.

Нагелсман претходно работеше во Хофенхајм, Лајпциг, Баерн Минхен и како селектор на Германија.

Фото: Facebook/Manchester United