Британскиот премиер најави: Ќе објавам детали од состаноците со газдите на Сити
Независната комисија кон крајот на септември утврди дека Манчестер сити ги прекршувал правилата во период од девет години, од 2009 до 2018 година, склучувајќи фиктивни договори со комерцијални партнери со цел тајно да обезбеди повеќе од 830 милиони фунти за финансирање на своите фудбалски активности.
Претходната функција на Бернам како градоначалник на поширокото подрачје на Манчестер отвори прашања за неговите односи со сопствениците на клубот од Абу Даби. Лидерката на Конзервативната партија, Кеми Бејденок, побара од кабинетот на премиерот да ги објави сите детали од средбите меѓу премиерот и високите функционери на Манчестер сити.
„Лидерката на опозицијата побара од мене да ги објавам деталите од моите средби, што со задоволство ќе го направам. И ќе го направам тоа. Јасно ќе објавам сè што работев во соработка со нив за време на мојот претходен мандат како градоначалник на поширокото подрачје на Манчестер. Всушност, ниту една од тие средби не се одржа во поново време. Имав само една позначајна средба, и тоа во 2021 година“, изјави Бернам.