Кипчоге на 41 година победи и постави рекорд на маратонот во Мелбурн (ВИДЕО)

Двократниот олимписки шампион во маратон, Елиуд Кипчоге и на 41 година победи на маратонот во Мелбурн со рекордно време на патеката, порачувајќи дека неговото тело сè уште е во врвна форма, пренесоа британските медиуми.

Кенискиот атлетичар ја мина целта за два часа, девет минути и 10 секунди, остварувајќи ја 17. победа во својата маратонска кариера, прва по триумфот на Берлинскиот маратон во 2023 година.

„Верувам дека моето тело сè уште е во врвна форма и дека сè уште можам да се натпреварувам со следната генерација. Јас сум најстариот атлетичар, но ми е драго што трчам со новата генерација“, изјави Кипчоге по победата.