Пет гола и два црвени картони на „Аноета“: Реал Сосиедад подобар од Ла Коруња

Фудбалерите на Реал Сосиедад и Депортиво Ла Коруња одиграа ефикасен натпревар, кој го одбележаа и два црвени картони, а на крајот се радуваше домашниот тим со 3-2.

Реал Сосиедад ја затресе мрежата на гостите во 29. минута преку Мартин, а пет минути подоцна Закарјан зголеми на 2-0.

Домаќинот постигна и трет гол преку Гуедеш во 54. минута, со што го направи првиот чекор кон победата. Сепак, набрзо можеше ситуацијата драстично да се промени.

Ла Коруња намали на 1-3 преку Сориано, а потоа Марин доби директен црвен картон. Во 69. минута гостите постигнаа и втор погодок за 2-3, па така во финишот влегоа со еден гол негатива.

Во завршницата следеше вистинска драма, но резултатот не се промени, а Ла Коруња до крајот доби црвен картон, односно беше исклучен Аматучи.

Фото: Facebook/Real Sociedad de Fútbol