Атлетико го исмеа Реал - бадијала целата хистерија на „кралевите“ (ФОТО)
„Сакаме да му честитаме на Реал Мадрид што продолжува да испишува историја, докажувајќи дека 100 проценти од светската медицинска заедница погрешила“, објави Атлетико на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер.
Со оваа порака, „јорганџиите“ директно се потсмеваат на медицинската процена на големиот ривал, откако уругвајскиот фудбалер се врати во тимот многу побрзо од очекувањата. Целата приказна започна на мадридското дерби на 20 септември, кога Реал загуби со 1-2 од Атлетико. Валверде тогаш заработи повреда на левиот скочен зглоб по остар старт на Ли Канг-ин, поради кој од таборот на Реал бараа директен црвен картон.
Жозе Мурињо беше особено незадоволен од судењето и сметаше дека противничкиот фудбалер требало да биде исклучен. Сепак, инцидентот не беше санкциониран со црвен картон на теренот. Два дена по дербито, Реал Мадрид објави дека Валверде има истегнување од трет степен на левиот скочен зглоб. Клубот не соопшти конкретен рок за неговото враќање, туку наведе дека закрепнувањето ќе се следи во наредниот период. Телевизијата на Реал објавуваше хистерични прилози дека на Валверде му е доведена кариерата во прашање, а во приказните ја вклучи и Барселона, објаснувајќи дека сето тоа се прави за да му се помогне на каталонскиот клуб. Се спомнуваше дека капитенот на Реал ќе паузира недели, месеци, па дури и декка ќе биде во аут до крајот на годината.
Сепак, од сето тоа, Реал успеа да издејствува она што најмногу го сака Мурињо: Валверде да не патува со уругавјската репрезентација и да остане во клупскиот камп на тренинзи Само 19 дена по дербито, уругвајскиот репрезентативец повторно тренираше со соиграчите и доби зелено светло за враќање во конкуренција за натпреварот против Виљареал. Токму тоа беше повод за реакцијата на Атлетико, кој преку саркастична објава ја доведе во прашање сериозноста на првичната медицинска процена на Реал.