„Најголемата грешка на Медведев беше што го имитираше Ѓоковиќ“
Мечот меѓу Ѓоковиќ и Медведев заврши со несекојдневен епилог. Рускиот тенисер беше дисквалификуван во вториот сет, откако во момент кога Ѓоковиќ сервираше за победа, со топче погоди гледач на трибините.
Сепак, Руседски смета дека Медведев направил сериозна грешка и пред инцидентот кој доведе до неговата дисквалификација. Причината е гестикулацијата со која Русинот го имитираше Ѓоковиќ, кој во текот на турнирот имаше физички проблеми и тешкотии со дишењето. Медведев во еден од гемовите се наведна и направи движења со кои, според Рузедски, очигледно го исмеваше својот противник.
„Најголемата грешка беше што му се потсмеваше на Ѓоковиќ. Правеше движења како да има проблеми со дишењето“, посочи Руседски.
Според поранешниот тенисер, таквото однесување било особено непотребно затоа што Ѓоковиќ е еден од најголемите шампиони во историјата на спортот.
„Најлошото нешто што можете да го направите е да го исмевате Новак и да го навредите големиот шампион“, беше пораката на Руседски.
Интересно, самиот Ѓоковиќ по мечот не го нападна Медведев. Напротив, Србинот изрази жалење поради начинот на кој завршил мечот и призна дека знае како му е на Русинот, бидејќи и самиот во 2020 година беше дисквалификуван на Ју-Ес Опен.