Македонија пристигна во Луцерн, а таму - Мбапе рекреативно вози велосипед! (ВИДЕО)
Ѕвездата на Реал Мадрид објави видео како вози велосипед високо над езерото Луцерн, градот во кој од денеска престојува македонската фудбалска репрезентација и таму утре ќе се сретне со Швајцарија во четвртото коло од Лигата на нации. Мбапе престојува во луксузниот „Биргенсток Ресорт“ со својата партнерка Естер Експосито.
Францускиот напаѓач се повреди на 25 септември во натпреварот против Турција, кога го постигна единствениот гол за Франција. По натпреварот мораше да ја напушти репрезентативната база, а лекарските прегледи покажаа хиперекстензија на задната капсула на левото колено.
Видеото на кое вози велосипед во природа предизвика и гнев кај тренерот на Реал, Жозе Мурињо, а особено кај навивачите на мадридскиот клуб кои му забележуваат на францускиот фудбалер дека не се појавил во базата на тренинзи, а престојува во планина.