Зверев фуриозен во Пекинг: За 56 минути закажа битка со Ѓоковиќ
Зверев во осминафиналето го совлада кинескиот тенисер Јунченг Шанг со 2-0 во сетови, односно 6-0, 6-3 за само 56 минути игра.
Шанг, кој е 250-ти тенисер во светот, немаше никаква шанса во првиот сет против вториот на светската ранг-листа кој не му дозволи да освои ниту еден гем. Во продолжението Зверев брзо поведе со 3:0, а потоа Шанг почна да освојува гемови и на крајот малку го поправи впечатокот.
Зверев во четвртфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ и тоа ќе биде нивни 15-ти меѓусебен дуел, а моменталниот скор е 9-5 во корист на српскиот ас. Мечот меѓу Ѓоковиќ и Зверев ќе се игра в недела од 13 часот по средноевропско време.
Фото: ATP Tour