Покоњоли пред дуелот во Скопје: Ја респектираме Македонија, но сакаме да дојдеме до првата победа
Шкотите во досегашниот дел од квалификациите не ги остварија резултатите што ги посакуваа, па Покоњоли очекува неговите избраници да го пренесат на терен она што го покажувале на тренинзите, особено добрата игра од завршницата на последниот натпревар против Словенија.
„Сакаме да играме како последните 30 минути против Словенија и да дојдеме до првата победа. Нема притисок, затоа што одиме чекор по чекор. Имаме позитивни работи на теренот, можеби резултатите не се според очекувањата, но мислам дека после првата победа ќе биде се подобро. Против Словенија заслуживме да победиме, против Швајцарија рано останавме со играч помалку и тоа ја смени целосно сликата“, рече Покоњоли.
Покоњоли посебно ја нагласи важноста од добрата анализа на противникот и фактот дека натпреварите на гостински терен секогаш носат дополнителна тежина. Тој потсети и на успешните периоди на македонската репрезентација во изминатиот период.
„Секогаш го анализираме противникот, секогаш кога играме на гости се тешки натпревари. Не така одамна Македонија имаше успешен период кога имаше добри резултати. Го респектираме противникот, и предизвик ќе биде за нас да одиграме како што сакаме утре во Скопје, но очекувам да дојдеме до првата победа во ова издание на Лигата на нации“, рече Покоњоли.
Двете репрезентации се во незавидна ситуација во овој момент и бараат победа за излез од кризата.