Кошмарен старт за Пелистер: Ла Риоха се прошета низ Битола!
Битолчани имаа лош старт на натпреварот и првиот гол го постигнаа дури во шестата минута (1-6), по што не успеаја да влезат во ритам, а тоа го искористи Ла Риоха за да замине на полувреме со водство од 16-8.
Ла Риоха ја контролираше играта и во вториот дел, додека Пелистер правеше грешки во нападот, а притоа одбраната не функционира, па така гостинскиот тим во еден момент стигна до +11 (28-17).
Пелистер до крајот на средбата заигра за нијанса подобро и успеа да ја намали негативата на конечни 24-31.
Најефикасен во победата на Ла Риоха беше Алваро Мартинез Лобато со шест голови, додека Самоил Ристевски и Петар Атанасијевиќ постигнаа по четири погодоци за Пелистер. Одличен настап имаше и голманот на гостите, Хоан Ледо кој одбрани 20 удари.