Роналдо потврди дека си заминал: Со тек на време ќе ја кажам вистината!
Капитенот на Португалија преку порака на Инстаграм објасни дека одлуката ја донел по разговорот со првиот човек на федерацијата, но засега не ги откри причините поради кои си заминува.
„По прес-конференцијата на репрезентацијата и по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да ја напуштам репрезентативната база“, објави Роналдо.
Ѕвездата на Португалија најави дека во иднина ќе ги открие причините за својот потег.
„Со тек на време ќе им ја кажам на сите Португалци вистината за причините поради кои решив да ја напуштам репрезентацијата, на која секогаш ѝ бев целосно посветен“, додаде тој.
Фото: Facebook/Seleções de Portugal