Синер ги загрижи фановите: Може да не се врати и до јануари?
Синер присуствуваше на модна ревија, каде што разговараше со директорката на американски „Вог“, Ана Винтур. Таа го праша дали очекува да биде подготвен за почетокот на следната година.
„Па, ако не бидам подготвен во јануари, тоа е голем проблем...“
Италијанецот откри дека првично очекувал да биде подготвен за турнирот во Пекинг, но сепак не отпатува во Кина. Во меѓувреме, италијанските медиуми пишуваат за неговата моментална здравствена состојба и најавуваат можност дури и за хируршка интервенција.
Сè уште нема официјална потврда дека Синер ќе мора да оди на операција, но неговата изјава е само потврда дека тенисерот и понатаму има проблеми.
Фото: ATP Tour