Поранешен италијански репрезентативец е во критична состојба по итна операција!
Според аргентинските медиуми, 40-годишниот Освалдо морал да оди на итна операција во Буенос Аирес, откако почнал да чувствува болка во градите, а состојбата му се влошила минатата недела.
Освалдо, кој е роден во Аргентина, е под строг медицински надзор и се следи неговата состојба, но болницата засега не открива повеќе детали.
Тој во кариерата играше за Рома, Јувентус, Порто, Бока Јуниорс и Саутемптон, а го носеше и дресот на Италија.