Неверојатно: Ирска регистрираше дефанзивец како голман за мечот со Израел!

Репрезентацијата на Ирска повлече неверојатен потег пред натпреварот против Израел, откако голманот Гевин Базуну се повлече од селекцијата.

Ирска пред мечот против Израел реши да го регистрира дефанзивецот Џими Дан како голман за споменатиот натпревар, поради правилото на УЕФА да има пријавено три чувари на мрежата за натпреварите.

Дан претходно не настапи во поразот на Ирска против Косово (0-1), но сега ќе има нова улога за средбата со Израел.

Голманот Базуну претходно кажа дека се повлекува од репрезентацијата затоа што не сака да игра против Израел.

Фото: Facebook/FAIreland