Алкалоид го надигра Младост за „четири од четири“ во Суперлигата
Алкалоид ја имаше контролата врз натпреварот од самиот почеток, па на полувреме предноста изнесуваше „плус седум“ (19-12).
Екипата од Автокоманда продолжи со доминацијата во вториот дел, па набрзо стигна и до +10 (24-14), по што без проблеми ја одржуваше високата предност за на крајот да слави со 32-24.
Најефикасен во победничкиот тим беше Урош Борзаш со пет голови, додека Владимир Бојаниќ погоди седум пати за Младост 1977.
На вториот меч кој се одигра денеска, Струга славеше со 26-24 против Бутел.