Шок во Пловдив: Луксембург ја шокира Бугарија!
Нашиот источен сосед по само 18 минути постигна гол за водство од 1-0 преку Асен Чандаров, но Луксембург не се предаде и тргна по израмнување до кое стигна во 37. минута преку Леандро Бареиро.
Луксембург до целосен пресврт стигна во 65. минута кога Винсент Тил постигна гол за предност од 2-1 на гостинскиот состав.
На останатите натпревари, Фарски Острови ремизираа со Казахстан (1-1), Исланд одигра нерешено против Естонија (1-1), додека Финска го прегази Сан Марино со 7-0.
Фото: Facebook/FLF - site officiel