Крај на една славна ера: Грузијците останаа без селектор
Сaњол ја презеде Грузија во 2021 година, а под негово водство репрезентацијата го оствари најголемиот успех во својата историја. Грузијците за првпат се пласираа на Европско првенство во 2024 година, а на турнирот во Германија стигнаа до елиминационата фаза.
Одлуката за разделба доаѓа веднаш по поразот од Северна Ирска со 0-1 во Лигата на нации. Натпреварот се одигра синоќа, а по него федерацијата реши да стави крај на соработката со францускиот тренер. Наследник на Сaњол ќе биде Рамаз Сванадзе, кој ќе ја предводи сениорската репрезентација до крајот на 2028 година. Сванадзе досега работеше со младинските селекции на Грузија и двапати успеа да обезбеди пласман на Европското првенство во младинска конкуренција.
Така завршува еден значаен период за грузискиот фудбал, во кој Сaњол остави силна трага со историскиот пласман на Европското првенство и настапот во нокаут-фазата.