Паника во Реал: Мбапе го пропушта Ел Класико!?

Нов удар за Реал Мадрид – Килијан Мбапе повторно има проблеми со левото колено, истото кое минатата сезона му создаваше сериозни проблеми и поради кое пропушти повеќе натпревари.

Французинот почувствува проблеми за време на натпреварот на Франција во Коџаели, а алармот се вклучи веднаш по неговиот гол. Мбапе ќе се врати во Мадрид, каде што ќе бидат направени дополнителни медицински прегледи за да се утврди сериозноста на повредата.

Најголемата причина за загриженост во Мадрид е фактот што станува збор за истото колено кое минатата сезона го мачеше Мбапе. Тогаш проблемите го оддалечија од терените во период од околу еден месец, а вкупно влијаеја на неговата достапност за голем број натпревари. Токму затоа, во овој момент е отворено прашањето дали Мбапе ќе биде подготвен за „Ел Класико“ против Барселона. Големиот дуел е закажан за 25 септември, што остава доволно време за опоравување, но неговиот настап засега не може да се гарантира.

Во Реал Мадрид сега вниманието е насочено кон резултатите од дополнителните прегледи. Дури потоа ќе може да се процени колку сериозен е проблемот и дали Мбапе ќе успее навреме да се врати на теренот за еден од најочекуваните натпревари во сезоната. Мбапе не играше ни на последното Ел Класико од минатата сезона, исто така на Камп Ноу и исто така поради повреда на истото колено. Тогаш Барселона без проблеми славеше со 2-0.