Бобан Николов нема да игра против Швајцарија - се повреди на тренинзите!

Македонската селекција ќе настапи ослабена на утрешниот дуел против Швајцарија (20.45 часот) во Скопје, откако на денешната прес-конференција беше соопштено дека на еден од последните тренинзи се повредил Бобан Николов.

Фудбалерот на Вардар нема да биде во комбинација на стартот од Лигата на нации, но ќе остане во опција за некој од следните три средби што ги имаме во овој циклус и тоа против Словенија, Шкотска и уште еднаш против Швајцарците.

Селекторот Гоце Седлоски претходно остана без услугите на Дарко Чурлинов, кој поради административни проблеми не можеше да ја напушти Полска, поради што најави повик на уште еден или двајца фудбалери за следните пресметки.