Манчестер јунајтед направи голем чекор кон новиот стадион за 100.000 гледачи

Англискиот гигант Манчестер јунајтед направи голем чекор кон реализација на амбициозниот проект за изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 гледачи.

Екипата од Манчестер го обезбеди поголемиот дел од потребното земјиште на кое е планиран новиот стадион, со што проектот влезе во нова фаза.

Извршниот директор Омар Берада потврди дека клубот е фокусиран на плановите за изградба на новиот објект и дека обезбедувањето на земјиштето претставува значаен чекор во целиот процес.

Стадионот е планиран во рамки на пошироката трансформација на областа околу „Олд Трафорд“, а инвестицијата се очекува да биде околу две милијарди фунти.