Срамни сцени во Торино: Навивачите на Јувентус го свртеа грбот при минутата молк за Мацола

Срамни сцени се случија пред почетокот на денешниот натпревар меѓу Јувентус и Аталанта на Алијанц стадионот, кога дел од најгласните навивачи на домашниот тим не ја испочитуваа минутата молк посветена на Сандро Мацола.

Италијанската фудбалска федерација донесе одлука на сите натпревари во текот на викендот да се одржи минута молк во чест на легендарниот италијански фудбалер, кој почина на 83-годишна возраст.

Сепак, најгласните навивачи на торинскиот клуб во тој момент го свртеа грбот кон теренот, додека други пееја навивачки песни посветени на легендите на Јувентус, меѓу кои Гаетано Ширеа, Андреа Фортунато и Џани Ањели. Остатокот од стадионот реагираше поинаку и со аплауз му оддаде почит на Мацола. Италијанските медиуми нагласуваат дека потегот бил ограничен на дел од организираната навивачка група во јужната трибина, а не бил став на целиот стадион.

Мацола, кој почина во петокот навечер, беше една од најголемите легенди на Интер и италијанскиот фудбал. Тој целата клупска кариера ја мина во Интер, со кој освои четири титули во Серија А, две европски титули и две Интерконтинентални купови, додека со репрезентацијата на Италија стана европски шампион во 1968 година.