Две спорни ситуации од мадридското дерби кои ја „запалија“ Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 1-2, меѓутоа бурата не стивнува по дербито. Најпрво тренерот Жозе Мурињо донесе фотографии од ситуации за кои тврди дека судијата морал да покаже црвени картони за домаќините, а потоа и „кралскиот клуб“ се јави со официјална реакција.

Реал Мадрид обвини дека причината за поразот во градското дерби било катастрофалното судење, а веќе се зборува за две ситуации кои можеле да го променат текот на натпреварот.

Една ситуација е кога Кристијан Ромеро го нагази коленото на Џуд Белингам, а втората е кога Ли Канг-Инг го згазна глуждот на Федерико Валверде.