Тиквеш го победи Еш во реваншот, но испадна од Европскиот куп на ЕХФ

Македонскиот суперлигаш Тиквеш славеше во реваншот против Еш од Луксембург со 33-32 и не успеа да ја надокнади негативата од три гола од првиот меч (27-30), што значи дека е елиминиран од Европскиот куп на ЕХФ.

Екипата од Кавадарци се обиде да ја анулира негативата, меѓутоа Еш се покажа како незгоден противник и во реваншот, па победата од еден гол на Тиквеш не беше доволна за пласман во следното коло.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мохамед Азиз Бен со девет голови, додека Алфонсо Дуарте Клементе запиша осум погодоци за Еш.

Фото: ГРК Тиквеш 2014/Facebook