Катастрофа за Шкупи, Брера му даде седум гола!

Брера Струмица триумфира со 7-0 против Шкупи во петтото коло од македонската Втора лига, а со тоа се искачи на втората позиција во лигата.

Екипата од Струмица до водство стигна во четвртата минута кога Велков погоди за 1-0, по што мрежите мируваа до крајот на првото полувреме.

Брера се разигра во вториот дел, додека Шкупи беше катастрофален на теренот, па на крајот струмичани триумфираа со 7-0.

Пелистер е лидер во Втората лига со 14 бодови, Брера е втора со 13 поени и одигран еден меч помалку, додека Охрид е трет со 12 бода.

Фото: Facebook/Brera Strumica