Катастрофа за Јуве: Тешка повреда на Грабара, под итно се бара нов голман!
Оваа сериозна ситуација го принудува раководството на „бјанконерите“ итно да го разгледа списокот на слободни агенти, меѓу кои фигурираат неколку искусни имиња. Меѓу опциите кои во моментов се без договор се наоѓаат поранешниот чувар на мрежата на Виторија Гимараеш, Бруно Варела, поранешниот фудбалер на ПСЖ, Серхио Рико, како и Јаспер Силесен, екс-голман на Барселона и Валенсија, кој минатата сезона настапуваше за холандскиот НЕЦ Нијмеген.
Правилата за регистрација на играчи во Серија А можат значително да го стеснат изборот на торинскиот клуб, што ги прави Алесио Крањо и Алфред Гомис најпривлечни кандидати во овој момент. Крањо веќе целосно се опорави од повредата на Ахиловата тетива и е во потрага по нов клуб, додека 33-годишниот Гомис стана слободен агент по истекот на неговиот договор со екипата на Палермо.