Винисиус беше ужасен против Елче, Мурињо може да го седне на клупа (ВИДЕО)
Настапот против Елче за многумина беше еден од најслабите на Винисиус во последните неколку години. Бразилецот носеше низа погрешни одлуки, делуваше несигурно и не беше прецизен во завршницата, поради што реномираните аналитичари му доделија оценки пониски од шест.
Vinicius Jr vs Elche Worst performance this season https://t.co/lHT3hc5l5c
— 🇪🇸 (@newreyreal2) September 15, 2026
Мурињо во завршницата одлучи да го повлече од игра, а на неговата позиција го префрли Јан Диоманде. Овој потег во јавноста беше протолкуван како сигнал дека Винисиус нема загарантирано место во стартниот состав доколку не ја подобри својата форма.
Ниту статистиката од натпреварот не му оди во прилог. Винисиус упати пет удари кон голот, но не реализираше ниту една од двете големи шанси кои ги имаше. Поради тоа, во Мадрид веќе се појавија најави дека Бразилецот би можел да се пресели на клупата во некој од следните натпревари.