Ѓоковиќ се враќа на омилено место, ќе игра на турнир каде што никогаш не загубил
Ѓоковиќ во главниот град на Кина не настапил уште од 2015 година, но ова е и едно од неговите омилени места за игра затоа што тука нема ниту еден пораз.
„Толку сум возбуден што по многу години ќе се вратам да играм во Пекинг. На едно од најубавите места за играње, каде што доживеав некои од најубавите спомени. Им благодарам на сите кинески навивачи и се гледаме наскоро“, порача Ѓоковиќ.
Турнирот во Пекинг Ѓоковиќ досега во кариерата го освојуваше шест пати.